下載 APKPure App
可在安卓獲取Binter.MK的歷史版本
Binter是一個用於調動生物質資源的交互式平台。
Платформа за мобилизирање на ресурсите на биомаса
Binter (Biomass INTERmediates) е интерактивна платформа за мобилизирање на ресурсите на биомаса. Апликација за паметни телефони каде земјоделците ја декларираат својата расположлива биомаса со автоматско поставување информации во база на податоци, транспортерите потоа ја организираат логистиката за подигање и транспорт на посакуваните видови на биомаса кои како потреби ги декларираат крајните корисници.
Процесот за да стане некој корисник е едноставен:
Регистрација (се прифаќаат услови за користење) со внесување на лични податоци (име / презиме, телефон и е-пошта).
Избирање категорија корисник (земјоделец, собирач/транспортер, краен корисник).
Апликацијата е спремна за користење!
Земјоделците можат да ги декларираат расположливите количини биомаса на многу брз и лесен начин:
1. Се застанува средина од полето каде се наоѓа биомасата (за да се добијат координатите).
2. „Фотографирај“ – Се прави фотографија од полето!
3. Се внесуваат податоците во нов запис (површина, вид на биомаса, достапност).
4. „Поднеси“.
5. Регистрирана е достапна биомаса!
Собирачите / транспортерите можат да ги следат промените во расположливоста на биомасата преку Google Maps и да ги резервираат количините за кои се заинтересирани!
Крајните корисници можат да ги декларираат своите потреби од биомаса (видови, количини (tn), временски период) и да ги следат промените во расположливоста на биомасата.
Концепцијата, дизајнот и управувањето со апликацијата, како и базата на податоци за binter, му припаѓа на Институтот за хемиско инженерство и енергетски ресурси (CPERI) при Центарот за истражување и технологија на Грција (CERTH), а ја спроведува со техничка помош на Comitech S.A, a верзијата за Северна Македонија е развиени во соработка со ГАУС Институт – Фондација за нови технологии, иновации и трансфер на знаење.
Апликацијата е достапна на Google Play бесплатно, во контекст на имплементација и дисеминација на истражувачки проекти.